Кумановските полицајци најдобри на денешниот шаховски турнир (видео)

Сподели со своите пријатели

Во пресрет на 7 Мај – Ден на македонската полиција, денес во просториите на ОО на Црвен Крст Куманово, се одржа традиционален шаховски турнир.

Loading...

На турнирот во организација на СВР Куманово, шаховските вештини ги одмерија екипите од кумановската полиција, Црвен Крст, АРМ, ОУ ”Сами Фрешери”, Мото Клуб ”Мечки”, СОУ Гимназија ”Гоце Делчев”,  како и Здруженијата на армиски и полициски ветерани и пензионерите од градот.

Денешниот турнир е традиционален и го одржуваме со нашите партнери кои допринесуваат во спроведување на проектите на Отсекот за превенција при СВР Куманово, вели Горан Маневски, самостоен инспектор за превенција во Одделението за јавен ред и мир.

– По повод Ден на македонската полиција, традиционално како и секоја година, покрај сите други активности што ги организираме, организираме и турнир во шах каде што покануваме инстутуции со кои имаме соработка преку целата година. Нè радува што денес сме во поголема бројка, бидејќи сите што ги поканивме се одзваа на поканата Ви благодарам многу што дојдовте. Уште еднаш за да не должиме многу, нека Ви е среќна играта и нека победи тој што е најдобар, изјави Маневски.

Јас сум голем љубител на шахот, и како познавач на овој спорт, сметам дека на Куманово му недостасуваат вакви турнири и останати спортски активности, вели Јованчо Дончевски од Здружението на армиски и полициски ветерани.

Најдобри шаховски вештини покажаа припадниците на СВР Куманово, пензионерите завршија како второ пласирани, додека трети беа членовите од Здружението на армиски и полициски ветерани.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *