Кумановските пејачи со поддршка до сограѓаните (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Дел од кумановските естрадени уметници преку видео порака упатија поддршка до своите сограѓани кои минуваат низ тешки денови, во полициски час од 56 часа, и дополнителни рестриктивни мерки веќе од понеделник.

Loading...

Маргица Антевска, Нино Величковски, Ариф Зибери, Ивона Јовановиќ, Марио Арангеловски, Мартија Станојковиќ и Мартинијан Кириловски заедно со Мерима Његомир изразија поддршка преку песна до граѓаните на Куманово.

Видеото на својот Фејсбук профил го објави градоначалникот Максим Димитриевски.

Голема благодарност до сите пријатели на нашиот град за сета поддршка која ни ја даваат во овие моменти. Останете дома и следете ги препораките, напиша тој.

https://www.facebook.com/MaksimDimitrievskiOfficial/videos/1335234680007763/

Leave a Reply