Кумановските гимназијалци во посета на Хрватска (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Ученици од кумановската Гимназија „Гоце Делчев“ беа во посета на Хрватска во рамки на збратимување на училиштето со Туристичко – угостителската школа од Бјеловар.

Loading...

 

 

Како што информираше наставничката Александра Маневска, во рамките на проектот во мај ученици од Хрватска веќе биле во посета на Куманово.

– Со училиштето од Хрватска се запознавме на една од размените и дојдовме до идеја да ја продолжиме нашата соработка надвор од Еразмус проектите, на една формална, но и неформална средба, рече Маневска.

 

Loading...

 

Ученичката Мелани Максимовска вели дека имале можност преку разни работилници да се запознаат со нивните врсници од Хрватска.

– Имавме една работилница во која поентата беше да ги пуштиме мислите, да заборавиме на се, да отпатуваме далеку во вселената, да заборавиме на сите обврски и да мечтаеме. Имавме разни фантазии за тоа какви се суштества со разни обичаи може да се сретнат на други планети и земји, а имавме исто така и час каде се запознавме со светскиот јазик есперанто, додава Максимовска.

 

 

Освен присуство на работилници, гимназијалците имале можност да ги посетат и тамошните културно – историски локалитети.

– Ни ги покажаа сите споменици што ги имаат, ни поставуваа прашања за секој споменик, прашања од општа култура и натпреварувачки карактер, секој кој ќе одговореше точно добиваме по еден поен, победник беше Никола Василевски од нашето училиште, изјави ученичката Дора Димовска.

Loading...

 

 

– Во среда бевме во околинат ана Бјеловар и Ѓурѓевац, видовме една стара тврдина и ни одржаа една мала претстава. Бевме и во Загреб и таму навистина убаво си поминавме и видовме многу убави стари градби, изјави ученичката Меланија Марковиќ.

Посетата беше реализирана во период од 17 до 22 септември.

 

Никола Ивановски

Loading...