Учениците од Средното општинско училиште Гимназија „Гоце Делчев“ утревечер во кумановскиот театар зо почеток во 8 часот ќе ја играат претставата „Рибарски караници“ според тесктот на Карло Голдони, менторска палка на професорката Соња Тодоровска, а во режија на Сара Илиќ.
Можност својот актерски талент да го покажат пред кумановската јавност ќе имаат голем број учениц од гимназијата меѓу кои: Никола Петковиќ, Ана Бела Ивановска, Сара Србиноска, Тереза Лазарев, Меланија Герасимовска, Ивана Давчевска, Илија Јовановски, Дарко Ангеловски, Иван Тодоровски, Денис Петровски, Никола Трајковиќ, Катерина Ивановска, Ангела Јакимовска, Исидора Стојчевска, Мариела Златановска и Бисера Мишевска, кои ќе се најдат во различните улоги од претставата.
Картите се со симболична цена од 50 денари и може да се купат на билетарата на Театар Куманово. Поради големата заинтересираност сите резервирани карти кои до 18 часот утре нема да бидат подигнати ќе бидат пуштени во продажба. За оние пак кои нема да можат да дојдат утревечер во сабота претставата ќе се одигра и репризно.