Учениците од Средното општинско училиште Гимназија „Гоце Делчев“ утре ќе дебатираат на темата: „Гимназиското образование во Република Македонија“.
Ова е втора дебата во организација на Дебатниот клуб на училиштето, откако на првата успешна дебата учениците дискутираа за проблемот со иселувањето на младите од Македонија и изнесоа паметни заклучоци за и против истата идеја.
Настанот е закажан за утре со почетоок во 12 часот во просториите на галеријата на училиштето.