На регионалниот натпревар ”Сообраќајно техничка култура на младите” кој се одржа во ОУ ”Браќа Рибар” во с. Табановце, учество земаа основните и средни училишта, победници на општинските натпревари.
Loading...
На ниво на натпреварувањата за средни училишта, прво место во екипна конкуренција му припадна на екипата од СОУ Гимназија ”Гоце Делчев”.
Во поединечна категоријиа, Марко Тренчевски од истоименото училиште освои прво место. Екипата од СОУ Гимназија ”Гоце Делчев” е предводена од проф. Драган Илиевски.
Со постигнатите резултати, гимназијалците од Куманово ќе продолжат со натпреварување на Државен натпревар за ”Сообраќајно техничка култура на младите”, закажан за крај на месец мај во Скопје.