Атлетскиот клуб Куманово четврта сезона по ред останува најдобар клуб во државата, а тоа го потврди и признанието од Церемонијатана Атлетската федерација за прогласување на најдобрите за 2017 година.
Освен успесите на клубот, меѓу индивидуалните успеси се издвојува трудот на тренерот Филип Колевски, кој и годинава се закити со признанието најдобар во својата професија.
– Оваа година бев прогласен за најдобар тренер и она што ме радува и оваа година продолживме со поставување на државни рекорди, имавме три државни рекорди помалку, но четири години по ред нашите членови поставуваат државни рекорди, што веќе покажува дека не е случаен талент што налетал туку држиме талент. Сега ќе не интересира се повеќе од овие атлетичари да направиме врвни атлетичари и натпреварувачи и да настапиме поуспешно на меѓународните натпревари, се концентрираме нашите атлетичари што се веќе во федерацијата да бидат столбови на добрите резултати на македонската репрезентација, изјави тренерот Колевски.