Кумановските атлетичари најдобри на Сениорскиот куп (галерија)

Сподели со своите пријатели

Атлетскиот клуб Куманово освои први места во машка, женска и севкупна категорија на Сенироскиот куп во атлетика кое изминатиот викенд се одржа во Скопје.

 

Loading...

 

Атлетичарите на Куманово освен што го направија својот клуб повторно најдобар во државата, соборија и низа лични, но и државни рекорди. Меѓу најуспешните се Милан Вељковиќ, Катерина Тимчевска, Никола Стојановиќ и Марјан Нојковски.

Во недела настапив во две дисциплини, трискок и скок во далечина, имав солидни резултати после долго време сум задоволен од резултатите, но сепак не успеав да го доскокнам минималниот резултат за поените. Заборавив да напоменам за штафетата, настапивме во сабота, бев дел од најдобрата штафета во Македонија моментално и сум навистина горд на нашите момци тука во атлетскиот клуб затоа шт остваривме тотална доминација на сите штафети кои настапуваа тогаш – изјави Стојановиќ.

На сениорскиот куп настапив на неколку дисциплини, некои од нив се на 400 метри на кое освоив второ место, 400 метри со пречки каде бев прв и четири пати по 100 метри каде заедно со Никола и уште двајца го освоивме првото место. Вреди да се напомене оваа година на некои други натпревари успеав да го подобрам државниот рекорд на 110 метри со пречки за под 18 години и сега тој изнесува 15 секуунди и шест стотинки. Сега овој викенд настапувам на Балканското првенство до 17 години каде повторно ќе настапам на 110 метри со пречки и очекувам по четврти пат да го подобрам државниот рекорд – изјави Вељковиќ.

 

Катерина Тимчевска минатата недела беше дел и од атлетскиот митинг кој се одржа во Елбасан, Албанија, а каде заврши како второпласирана.

Овој викенд се одржа Сениорскиот куп на Македонија каде што во мојата главна дисциплина завршив како прва, односно донесов најмногу поени за мојот клуб, но исто така учествував на останатите спринтерски дисциплини, односно 100, 200 и четири пати 100, каде моите поени и поените на останатите членови придонесоа за тоа да го направиме нашиот клуб повторно првак на овој сениорски куп. Секогаш може подобро, но мислам дека ме радува огромниот простор за напредок и потенцијалот кој јас го гледам во себе – рече Тимчевска.

Репрезентативецот и државен првак од 2010 година во фрлање ѓуле, Марјан Нојковски прво место освои и на зимското првенство што беше само почеток на неговите успеси сезонава.

Се одржа и Купот на Македонија, нашиот клуб зазема прво место и во сениорската и компетно во сите дисциплини. Сега се спремаме за да земеме учество на Европското екипно првенство во Малта што ќе се одржи сега на 28ми јуни и таму ќе учествувам во дисциплината фрлање на ѓуле. Имав една поголема повреда, малку  паузирав, но еве се враќам на врвот како и секогаш и се надевам на подобар резултат и личен рекорд и во Малта да ја претставиме нашата земја во најдобро светло и градот Куманово – вели Нојковски.

Минатиот период атлетичарите имаа учество на повеќе натпревари во Белград, Софија и Елбасан како дел од репрезентацијата, а меѓународни настапи ги очекуваат и во периодот кој претстои.

Првиот од тие натпревари одиме веќе на трети јуни во сабота е Балканското првенство за под 18 години, од нашата екипа, скратена селекција настапуваат Милан Вељковиќ и Иван Тимчевски. Од нив очекуваме подобрување на нивните лични резултати како состав на репрезентација и давање на најдоброто од себе – истакна Филип Колевски, тренер на АК Куманово.

Loading...

 

На Сениорскиот атлетски куп викендов првопласирани се кумановските атлетичари, додека второто и третото место во севкупна категорија ги освоија Лирија и Работнички.

 

 

 

Loading...