Кумановскиот театар во петок го затвора 25. издание на „Денови на комедија“

Сподели со своите пријатели

Кумановската публика ќе има можност да ја проследи претставата „Секс и лаги“, во изведба на кумановскиот театар во режија на Драгана Таневска на последниот ден од меѓународниот фестивал „Денови на комедија“, соопштија на денешната прес-конференција од НУЦК „Трајко Прокопиев“.

Loading...

Претставата која премиерно ќе биде изведена пред публиката е работена според текст на Марк Камолети, премиерата ќе се одржи на 14-ти октомври, годинава (петок) со почеток во 20.00 часот.

– Привршува фестивалот и традиционално и годинава фестивалот го затвора наша комедија на театар Куманово. Сигурен сум дека ќе наиде на одличен одѕив меѓу публиката, изјави директорот на установата, Сашо Тодоровски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Детска претстава и концерт на Дарко Тодоровски утре во Занаетчискиот дом

Режисерката, Драгана Таневска рече дека е задоволство да работи со кумановските актери.

– Ова е комедија со уметничка вредност со убави визуелни решенија, интересни карактери, ситуации. Да ја поканам публиката да ја проследи, повика Таневска.

Драматургот Симона Тоскиќ кажа дека претставата е одлична, обработува љубовни и семејни релации.

– Направивме конфликти кои ќе ја насмеат публиката. Имаме убав продукт, кажа Тоскиќ.

Во претставата играат Марко Трајковиќ, Сања Русеска, Жарко Јовановиќ, Нина Максимова, Александра Михајловска, Никица Јанковски и Анастасија Величковиќ како гости. Двајцата млади актери го споделија своето искуство од работата, а тимот ги покани кумановци да уживаат и да проследат комедија која е брза и интересна.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општина Куманово реализира бројни проекти со поддршка на меѓународни институции и прекугранични проекти

Комедијата „Секс и лаги“, работена според текстот „Секс и љубомора“ на Марк Камолети, e спој помеѓу интригата и љубовта, страста и моралот, вистината и лагата, сведоштво за начинот на кој се третирани љубовните и семејните релации помеѓу маж и жена. Ова е претстава во која конфликтот на интереси произнесува чувства, реакции и односи кои ги прават ситуациите комични.

Сценографијата е на Крсто Богојевски, а костимите на Дарко Илиевски.

Репризата веќе е закажана за 15-ти октомври.

МИА