Новата сезона за 2016 година официјално започна во Народен Театар – Куманово и тоа со две претстави за тековниот месец.
Првата претстава ќе биде „Жена од минатото“, според текст на Роланд Шимелфениг, а во режија на Нела Витошевиќ. Истата ќе се игра на 21-ви јануари, четврток со почеток во 20 часот.ж
Темите за осаменоста, отуѓеноста, рушењето на интегритот на поединецот, влијание на случувањата од минатото врз иднината, непостоењето на етички норми и принципи, неснаодливоста во ова време се доминантни во драмата „Жена од минатото“.
Во актерска екипа се имињата на Александра Пешевска, Игор Ангелов, Јасмина Василева, Марко Трајковиќ, Нина Максимова.
Влезот за студентите е слободен, како и секој четврток во неделата.
Втората претстава на репертоарот на театрот е драмата „Идиоти“, според едночинките на Муза Павлова, а во режија на Мирослав Петковиќ. Истата ќе се игра во петок на 22 јануари со почеток исто во 20 часот.

