Милош Ранчиќ од Куманово, долгогодишен член на Атлетскиот клуб „Скок“ и репрезентативец на Алтетската федерација на Македонија освои прво место на Ноќната улична трка во Скопје кој се одржа по повод денот на ослободувањето на градот.
Ранчиќ го освои првото место во машка конкуренција на 6.000 метри, во конкуренција од 230 натпреварувачи од Македонија, косово, Србија, Бугарија и Холандија кои беа дел од оваа манифестација.
– Конкуренцијата беше доста силна, најдобрите атлетичари од Македонија на долгите пакети учествуваа на овој натпревар, а стазата од 6.000 метри ја истрчав за 19 минути и 10 секунди. Времето што го имав истрчано е меѓу најдобрите времиња во изминатите години на истата трка и со оваа победа ја докажав својата одлична форма, изјави Ранчиќ.