Кумановската гимназија се збратими со училиште од Истанбул (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Гимназијата „Гоце Делчев“ од Куманово се збратими со средно училиштето Göztepe İhsan Kurşunoğlu Anadolu Lisesi од Истанбул, Турција.

Loading...

 

 

Тоа беше повод ученици и наставен персонал од турското училиште да престојуваат во Куманово, каде меѓусебно се запознаваа.

– После запознавањето и топлото добредојде од наша страна со песни и ора од Македонија и Турција во изведба на нашите ученици, тие имаа можност да се запознаат со наставата и наставниот процес во нашето училиште. Беа импресионирани од хемиските експерименти на кои и самите земаа учество. Проследија презентации за нашата земја, учествуваа во квизови во кои се натпреваруваа во знаење, вели Јасмина Денковска, наставник од кумановската гимназија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бранителот Бобан Трајковски доби мурал во Куманово (ФОТО+ВИДЕО)

 

Loading...

 

Гостите од Истанбул притоа биле на прошетка и на кањонот Матка, а ги посетиле и куќата на Мајка Тереза и знаменитостите во центарот на Скопје, по што се упатиле и кон Охрид од кој исто така биле воодушевени.

 

 

Училиштата најавуваат во иднина заеднички активности на различни теми, на кои учениците од двете земји ќе учат и истражуваат заеднички.

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

Никола Ивановски