Кумановската Гимназија одбележа 153 години од раѓањето на Гоце Делчев (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Кумановската Гимназија „Гоце Делчев“ денеска ја одбележа 153-годишнината од раѓањето на својот патрон, револуционерот Гоце Делчев.

Loading...

 

 

Со приствуто на учениците, наставниците, но и многубројни делегации на општината, политичките партии и здруженија во дворот на училиштето беше положено свежо цвеќе.

 

 

Loading...

Пред присутните беше исчината и поезија напишана за Делчев.

– Тој остави голем аманет за нас, да продолжиме со неговите мисли, да се натпреваруваме на секое културно поле и ние како училиште продолжуваме со натпревари на сите нивоа. Успеси кои ги постинуваат нашите ученици, нашите наставници. Тоа резултира со големи натпревари и на меѓународно и светско ниво, како доказ дека навистина станува збор за значаен успех за нашето училиште кое гордо го носи неговото име, изјави директорката Марија Тодоровска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  153 години од раѓањето на Гоце Делчев

 

 

Особен гордост во овие денови за училиштето, како што истакна директорката, е пласирање на ученичката Илина Арсовска која се пласираше на Светската женска олимпијада.

– Исто така овој период следуваат напревари на реигонално ниво во нашата република, ние ќе бидеме домаќини на натпреварот по математика и останатите природни науки во овој период, додаде директорката.

 

Loading...

 

Тој е македонски национален херој, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, апостол и срцето на револуционерна Македонија, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на XIX и почетокот на XX век.

 

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Изложба на слики на Ленче Алексовска во Куманово

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

Никола Ивановски