Кумановската болница должи 10,8 милиони денари за вода

Сподели со своите пријатели

Според финансискиот извештај за 2015-та година кој директорот на Јавното претприајтие „Водовод“, Горан Стојковски го презентираше на денешната 5-та седница на Советот на Општина Куманово, како најголем должник се јавува кумановската Општа Болница и тоа со 10,8 милиони денари.

Директорот Стојковски потенцираше дека доколку не го го подмират долгот повторно ќе биде активирана тужбата која минатата година им била поднесе за да се пристапи кон принудно блокирање на сметката на оваа институција.

 

Loading...

DSC_0022

 

Должници има и од редовите на физичките лица кои вкупно должат 120-200 милиони денари, а истите редовно на три месеци добиваат опомени да се појават во претпријатието за да скучат договор за плаќање на рати. Доколку не го сторат тоа по истек на една година истите ќе бидат предадени во рацете на извршителите.

Совеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Петковски обвини дека освен болницата на таа листа се наоѓаат и други јавни претпријатија од градот и училиштата менаџирани од страна на локалната власт, но директорот даде свое објаснување.

 

DSC_0035

Сите училишта заедно должат 1,3 милиони денари, кои во лето по основ на намалени трошоци и субвенции од Владата на Република Македонија ги подмируваат овие долгови. Значи долговите настануваат во период од девет месеци кога трае наставата и тврдам дека сите училишта кои се должници на ЈП „Водовод“ имаат склучено договор за плаќање на долговите на рати, можност која ја имаат и физичките и правни лица – одговори Горан Стојковски, директор на ЈП „Водовод“.

Инаку доказ за позитивното работење на оваа јавно претпријатие е тоа што во текот на изминатата година немале ниту еден нов должник, освен долгот кон ЕВН Македонија кој го отплаќаат на рати.