Кумановската библиотека „Тане Герогиевски“ ќе набави нови книги од девет издавачки куќи, за што ќе одвои 345.915 денари без данок на додадена вредност, информираа денеска надлежните од јавната установа.
– Во тек е постапка за набавка на белестрика од девет издавачки куќи. Најдоцна за две недели се очекува да заврши пстапката, книгите да се обработат и да им бидат достапни на корисниците,изјави директорот на библиотеката, Марјан Петковски.
Кумановската библиотека „Тане Георгиевски“ организира втор мини саем на книгата, овој пат со издавачката куќа „Сакам книги“. На саемот се застапени сите изданија кои ги нуди оваа издавака куќа по саемски цени.
Читателите од Куманово ќе имаат можност секој ден да се снабдат со книги во периодот од 10 до 19 часот до сабота.
-Планираме до крајот на летото скоро секоја недела да организираме саем на книгата со различни издавачки куќи, изјави Петковски.
Image by Free-Photos from Pixabay