Куманово осамна со плакати за поддршка на бегалците од Блискиот исток (фото)

Сподели со своите пријатели

Во текот на вчерашниот ден, активисти на Левичарското движење „Солидарност”, во соработка со членови од Куманово, залепија плакати низ градот, како дел од кампањата што ја започнува „Солидарност” за поддршка на бегалците.

Loading...

IMAG0969

 

Како што соопштуваат од ”Солидарност”, кампањата има за цел да поттикне размислување за суштинските проблеми кои ги тераат бегалците да ги напуштаат своите земји, да ја подигне свеста за потребата од слободно движење на сите луѓе во светот и да се бори против ксенофобијата и омразата кон различните.

IMAG0974

 

Првиот дел од кампањата се состои од лепење постери низ градовите во Македонија, а вториот од организирање работилници за разговор на овие теми со младите. Предвидена е ваква работилница и во Куманово, кон крајот на ноември или почетокот на декември.