Куманово ќе има вода за пиење, иако браните се полупразни

Сподели со своите пријатели

Вода за пиење во Куманово ќе има, иако има помала количина вода во браните Липково и Глажња, информираа надлежните од водостопанство „Кумановско-липковско Поле“.

Loading...

Вкупно во браните има 9,8 милиони метри кубни вода. Надлежните велат дека очекуваат врнежи наредниот период.

– Изминатиов период имаше одредени врнежи од дожд во нашиот регион, што ни дава надеж дека до почетокот на сезоната ќе имаме доволни количини вода. Во моментов капацитетот на браните е со триесетпроцентна исполнетост, што за овој период е мала количина, но се надеваме дека ќе има врнежи и успешно ќе почне сезоната, изјави директорот на претпријатието, Оливер Илиевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Гиновска: Вчерашниот митинг беше масновно изразување на народната волја (ВИДЕО)

Тој кажа дека во изминатиов период и во моментов, не е затворен третиот вод познат како „бајпас“ до „Водовод“ Куманово. Како што соопшти денеска одлуката била донесена со цел да се помогне на ЈП „Водовод“ да ги намали сметките за електрична енергија.

– Поради високите цени, за да помогнеме на јавното претпријатие и финансиски да не се стабилизира ја донесовме одлуката. Од 1 декември лани, претпријатието користи повластена цена на електрична енергија и во иднина ако продолжи ваквата состојба на браните ќе го затвориме „бајпас“ во март и април и повторно ќе биде пуштен, изјави Илиевски.

Граѓаните ќе имаат вода за пиење, иако просечно во јануари исполнетоста на браните е од 50 до 60 отсто, сепак од претпријатието се надеваат дека ќе обезбедат вода и за земјоделците за наводнување. И претходните години имало помали количини на вода.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  23-годишник од Куманово физички го нападнал својот татко

И годинава нема да има зголемување на цените за наводнување. Во регионот има околу 1.000 до 3.000 земјоделци кои користат вода за наводнување.

– Во однос на инвестициите, очекуваме набавка на нова механизација, скипови за одржување а системот за наводнување. Очекуваме преку зголемената инвестициска програма на Влада во наредниот период да добиеме нова механизација, доставивме и наши проекти кои очекуваме да ги реализираме. Станува збор за промена на цевковод кај „василева чешма“ каде има чести дефекти и санација на затворачите на браната, изјави Илиевски.

Loading...

Кумановско водостопанство почна со чистење и на одводни и доводни канали, чистењето на речните корита ќе продолжи по намалување на сегашниот водостој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 18-годишник од Куманово поради кражба

МИА