Куманово ќе биде домаќин на првата промо забава за фестивалот Red Sound District, кој еднаш годишно се оддржува во МКЦ, Скопје. Промо журката ќе се оддржи во петок, 9 февруари. Ќе започне во кафе барот Министерство, во 22:00, а ќе продолжи во кабаре Тунел се до раните утрински часови. За музика задолжени ќе бидат ME.N.U. И Симоновски, резидент диџеи на Red Sound District. Влезот ќе биде слободен во двата локала.
Red Sound District концептуално претставува спој на 2 града, Скопје и Амстердам. Четвртото издание на фестивалот ќе се оддржи на 21 април 2018, во МКЦ, со почеток од 23:00 часот. И оваа година не очекува фантастичен лајнап, па така, покрај ME.N.U. И Симоновски, свои сетови на Red Sound District IV ќе имаат Мирко Попов и Видиновски, како и гостите од Холандија, Еsh, Florinsz Janvier и Abstract Division.