Со натпреварот меѓу Куманово и МЗТ вечерва се затвора третото коло од кошаркарската Супер лига на Македонија.
Loading...
Двата некогашни ривали за титула, вечерва ќе играат во Спортската сала на СОУ „Перо Наков“ во Куманово со почеток во 18 часот, а на Куманово му е потребна победа, бидејќи од досега одиграните две кола не забележа ниту една.
Од друга страна МЗТ веќе бележи две победи од почетокот на Супер лигата.