Кумановката Сара ќе настапи на концерт во Италија

Сподели со своите пријатели

Кумановката Сара Симоновска ќе настапи на концерт во Италија со познати музичари во познатиот историски дел во Санта Чиара во Фоџа.

Loading...

Ток,у тој дел на градот е најубави најпознат затоа што целиот град започнал да се создава токму од таму. На концертот, кој е организиран од асоцијацијата „Festival d’Arte Apulie“ Симоновска ќе настапи со познати италијански перцусионисти како Филип Латанци, Франческо Даниело, Андреа Сарацино, Гулијано Капосено и челистот Џовани Асторино.

– Заедно ќе одиме со Мојца Седеу, професорка по ударни инструменти на музичкиот факултет во Скопје, која исто така е тимпанист за Македонска филхармонија. Ќе свириме дела од Живковиќ што е трио, а јас ќе свирам соло за тапан од Добри Палиев и уште еден квинтет, вели Симоновска.

Инаку младата кумановка пред еден месец настапи на интернационален натпревар во Париз кае освои прва специјална награда.

Воедно во својата музичка кариера има настапувано и на коценрти во САД каде има дипломирано, а воедно и беше прогласена за најдобар студент.

Leave a Reply