Кумановката и нејзиниот свршеник од Прешево се меѓу преживеаните на несреќата

Сподели со своите пријатели

Кумановката која заедно со својот свршеник од Прешево биле на патување во Турција, се меѓу седумте преживеани патници на страотната сообраќајна несреќа што се случи ноќва во Бугарија, а во кој смртно страдаа 45 македонски државјани.

Loading...

Како што јавуваат српските медиуми, станува збор за Љуљзим Сулејмани од Прешево, единствениот српски државјанин кој беше во автобусот.

Иако утринава премирот Зоран Заев во својата изјава рече дека тие се меѓу загинатите, подоцна за српски Курир даде изјава дека тие се живи.

– Единствениот државјанин на Србија кој бил во автобусот што изгоре во Бугарија е Љуљзим Сулејмани од Прешево и тој е меѓу седумте преживеани патници. Како и неговата свршеница од Куманово, со која заминал на патување во Истанбул – изјавил за Курир премиерот Зоран Заев.

Тој изјави дека 46 лица од 53 во возилото загинале во страшна автобуска несреќа од Северна Македонија на автопатот во Бугарија.

– Во оваа трагедија уште седум лица преживеаја, фала богу. Меѓу преживеаните е и Љуљзим Сулејмани од Прешево – вели Заев, кој утрово веднаш беше во Бугарија и ги посети преживеаните во болницата во Софија.

Да потсетиме, автобус изгоре на автопатот околу два часот по полноќ по локално време, во близина на селото Боснек, југозападно од главниот град Софија, во кој загинаа 12 деца, меѓу кои и близнаци.

Извор: Курир.рс

Loading...