Кумановка со свршеникот од Прешево биле меѓу патниците во автобусот

Сподели со своите пријатели

Најмалку еден од патниците во автобусот кој изгоре и во кој смртно страдаа 46 лица во Бугарија, е од Куманово. Според изјавата на премиерот Зоран Заев, станува збор за кумановка која со својот свршеник од Прешево, Србија била на патување во Истанбул.

Loading...

– Ќе почекаме причините за несреќата да ги кажат стручните служби. Настраданите не се само од Скопје, туку се од повеќе места. Сите се граѓани на Северна Македонија, од повеќе националности се, но има и еден граѓанин од Прешево, Србија, кој заедно со вереницата од Куманово бил во Истанбул на прошетка. Во листата видовме и дека има едено лице со белгиско државјанство, изјави премиерот Зоран Заев кој денеска, заедно со министрите за здравство и за надворешни работи, Венко Филипче и Бујар Османи, ги посети седумте хоспитализирани во болницата Пирогов во Софија.

Како што рече Заев, загинати се 46 лица, од кои 11 деца, но и другите се млади луѓе.

– Навистина бев информиран десет минути или пет минути после несреќата директно од премиерот Стефан Јанев, се јави претседателот Радев веднаш да ме информира за несреќата и ние заедно со министерот за надворешни работи и здравство дојдовме овде за да можеме да ги видиме луѓето кои успеале да останат живи во болницата, а секако и да се видиме со раководството на Бугарија за да можеме да ги дознаеме деталите и сите можни информации, рече Заев.

 

Меѓу загинатите 12 деца се помали од 18 години, а и другите се млади луѓе на околу 20-30 години, вели Заев

 

Соработката меѓу двете држави според Заев е на високо ниво и им стојат на располагање на граѓаните.

Loading...

– Најдобро ќе им служиме на граѓаните кога ќе им ги дадеме сите неопходни информации од истрагата што се причините да се случи несреќата и како се случила, затоа што болката е голема кај двете земји, кај двата народи, и семејствата кои изгубија свои членови нивната болка е ненадоместлива, рече Заев.

Седум лица ја преживеале несреќата и се во стабилна состојба, дел од нив со полесни, дел со потешки повреди кои моментално се во болницата во Софија.

– Имав прилика да ги посетам седумте наши сограѓани во болницата во Софија сите се во добра состојба, надвор се од животна опасност, со полесни повреди, некои со малку потешки повреди и секако во координација со нашите здравствени власти, а тие наши сограѓани кои ќе можат да се вратат дома, во болниците во Скопје или граовите од каде доаѓаат, секако ќе бидат транспортирани, рече премиерот.

Никола Ивановски