Кумановка тешко повредена откако ја удрило „ауди“

Сподели со своите пријатели

Шеесет и двегодишна кумановка била тешко повредена откако во неа удрило „ауди“ управувано од мештанин на липковско.

Loading...

– На 24.09.2024 во 09.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата од ул.„Гоце Делчев“ и бул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.М.(69) од село Ваксинце, општина Липково, удрило во С.Д.(62) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата, како што додаваат од МВР, со тешки телесни повреди се здобила С.Д., констатирани во Ургентен центар Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановка повредена додека работела во продажен објект

Никола Ивановски