Кумановка доби кривична, оти нејзиниот малолетен син крадел

Сподели со своите пријатели

Триест и тригпдишна кумановка доби кривична пријава под сомнение дека го запуштила малолетното дете, кое извршило две кражби.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ѓ.Џ.(33) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете”, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, во јуни 2023, пријавената ја запоставила својата родителска должност за грижа и воспитување на нејзиниот малолетен син и на тој начин придонела тој во два наврата да изврши кражби на подрачјето на Куманово.

Никола Ивановски