Кумановецот Ристовски нов балкански шампион

Сподели со своите пријатели

Кумановецот Зоран Ристовски од велосипедскиот клуб „Вело-М“ Куманово стана нов балкански шампион, откако викендов го освои првото место на Балканското првенство во друмски велосипедизам кое се одржа во Требиње, Босна и Херцеговина.

Loading...

Покрај Ристовски, боите на Македонија ги бранеа уште двајца велосипедисти, од кои Стефан Петровски освои 12то место во категоријата сениори.

Велосипедистите на „Вело М“ брилираа и на традиционалната велосипедска трка „Трофеј 11 Октомври“ освоијувајќи ги првото и второто место во сениорска конкуренција и третото место во мастерс категорија.

Трката помина во најдобар ред а најуспешните велосипедисти ги прогласи градоначалникот Максим Димитриевски, информираат од клубот.

Leave a Reply