Гордан Крстиќ од Куманово има четиринаесет години и на 29ти овој месец учествуваше на streetworkout натпревар кој се одржа во Бор, Република Србија.
Гордан учествуваше во дисциплината freestyle streetworkout за помлади од 18 години каде го освои златниот медал, а во борбата за пехар во финалето изгуби од еден од најдобрите во во оваа категорија, Владимир Вуковиќ.
Заедно со него на натпреварот учествуваше и Роберт Ангеловски, кој освои 4то место во категоријата склекови во конкуренција со 40 други натпреварувачи од целиот регион, со што за малку не доби можност да освои некоја од првите три мести.
Само за потсетување Гордан И Роберт се дел од групата Bar Gladiators, која брои 6 членови и минатиот месец од Ваљево се вратис со 17 медали и многу успеси.
Борис Јаневски од Скопје, исто така успеа да собере две медали (2 трети места – Freestyle, Pull ups), но му избега медалата за трето место во категоријата Muscle ups.