Кумановецот Филип Наковски со сребро од „Златен гонг“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кумановскиот боксер Филип Наковски освои сребрен медал на меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“ што викендов се одржа во Скопје.

Loading...

 

 

Тој стигна до финале каде во категоријата до 86 килограми, се бореше против шампионот на Англија Тигн Скот.

Наковски загуби, поради, како што вели „срамна одлука на судиите“.

Наковски инаку е поранешен вицешампион во македонскиот кик-бокс, државен првак во бокс, а има освоено и низа медали на многу меѓународни турнири во регионот.

 

Loading...

 

Ова беше негова прва борба по долга пауза од рингот. Настапи како боксер на БК „Фајтер“ од Куманово, а под менторство на хрватскиот тренер Миро Матијевиќ, познат како Мирослав Сурла, кој своевремено беше легенда на кумановскиот и југословенски бокс .

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Физички нападнат 39-годишен кумановец

 

 

Алим Насуфи е годинешниот освојувач на турнирот „Златен гонг“, додека Петар Арсовски е прогласен за најдобар македонски боксер.

На Златниот гонг во Скопје настапија 52 боксери од 12 држави.

Loading...

Станува збор за исклучително силен боксерски турнир со многу долга традиција и на кој настапиле најголемите боксерски имиња од регионот, а двајца кумановци го освоиле три пати Аце Русевски во 1975 и Реџеп Реџепoвски во 1983 и 1985 година.

Никола Ивановски / фото: Боксерска федерација на Македонија