Кумановецот Даниел Трајчевски ново засилување во РК Тинекс Пролет

Сподели со своите пријатели

На линијата од шест метри во тимот на Пролет во следната сезона ќе се бори Даниел Трајчевски – кумановецот кој минатата сезона настапуваше за РК Охрид, а претходно играше во тимот од својот роден град.

Loading...

Со своето суперлигашко искуство, 27-годишниот Трајчевски ќе донесе засилена конкуренција и квалитет на пивотменската позиција, во дуелите во домашното првенство, но и во Челинџ Купот. Со него скопскиот суперлигаш ја продолжи тенденцијата да игра исклучиво со македонски ракометари, без странци.

Пролет таму го очекува меч со белгиската Сасја, прво на гости на 21-22 ноември, а потоа и во Скопје една недела подоцна.

Трајчевски доаѓа како замена за Стефан Петровски кој потпиша договор со косовскиот клуб Косова Вуштри.

изовр:спортмедиа.мк