Кумановецот Бранимир Јовановски одликуван со орденот 8ми Септември

Сподели со своите пријатели

По повод чествувањето на Денот на независноста – 8 Септември, владина делегација предводена од претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, денеска присуствуваше на церемонијата на одликување со ордените „8 Септември“ во вила „Водно“.

Loading...

Во чест на Денот на независноста претседателот Стево Пендаровски традиционално го доделува ова високо државно одликување.

Со орден „8 Септември“, годинава се одликувани истакнатите спортисти параолимпијците Оливера Наковска-Бикова и Бранимир Јовановски, како и олимпијците Шабан Трстена и Дејан Георгиевски, за особен придонес за државата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Италија ќе ни ја доопремува шумската полиција

Чествувањето на Денот на независноста – 8 Септември продолжува со „Отворениот ден за граѓаните“ на „Школка“ во Градскиот парк, а централната прослава ќе се одржи вечерва на платото кај паркот „Ибни Пајко“ од 19:30 часот.