Кумановецот Ангеловски учествуваше на спортската конференција Coach to Coach

Сподели со своите пријатели

Кумановецот Роберт Ангеловски изминатиот викенд беше дел од првата спортска конференција Coach to Coach која се одржа во Дубровник, Хрватска.

Loading...

 

 

Тоа е прв ваков собир во Хрватска, на кој се собраа тим од експерти од светот на спортот кои го споделија своето знаење и искуство со учесниците преку серија презентации и работилници.

 

 

Loading...

Ангеловски беше единствениот Македонец кој беше дел од оваа манифестација, чија цел е поврзување, соработка и усовршување во различни области како фитнес, спортска психологија, исхрана, физиотерапија, дијагностика на спортисти, фитнес и слично.

 

 

– Чест и задоволство беше да се биде дел од ваков настан, на кој го потврдив и надоградив досегашното знаење со професионалци од светски рамки, вели Ангеловски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  200 сообраќајни незгоди во Куманово во првата половина од годинава

 

 

Loading...

Програмата на конференцијата вклучуваше бројни предавања, работилници и панел дискусии со некои од најголемите хрватски спортски експерти кои се признати во светот.

 

 

Инаку, Роберт е сертифициран тренер за професионални атлетичари и почетници и веќе подолго време работи во оваа сфера, а од сезонава е и кондиционен тренер на подмладокот на РК Куманово.