Кумановец удрил во мотор и автомобил, возел со 1,85 промили алкохол

Сподели со своите пријатели

Триесет и едногодишен кумановец бил приведен затоа што управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода.

Loading...

– На 09.04.2025 во 16.45 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода Д.А.(31) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, на ул.„Теофан Економов“ во Куманово, тој со возило „сеат леон“ со кумнаовски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во мопед „хамачи“ и патничко возило „фолксваген голф“, двете со кумановски регистарски ознаки, а по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 1,85 промили алкохол во крвта.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ќе се третира против ларви на комарци и крлежи во Куманово

– По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението.

Никола Ивановски