Кумановец тешко повреден, откако го претепале сограѓани

Сподели со своите пријатели

Четириесет и едногодишен кумановец рано утринава бил тешко повреден откако претходно двајца сограѓани го претепале.

Loading...

– На 10.02.2023 година во 03.00 часот полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Б.Т.(46) и С.Н. (50) од село Тромеѓа, кумановско, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Како што појаснуваат од полицијата, тие се сомничат дека неколку часа претходно, во село Тромеѓа, му нанеле тешки телесни повреди на П.Т.(41), констатирани во Општа болница Куманово.

– Б.Т. и С.Н. се приведени во полициска станица, увидот е сѐ уште во тек и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец возел пијан и бил агресивен кон полицајци