Кумановец со огнено оружје се заканувал на сопственик на деловен објект

Сподели со своите пријатели

Педесет и тригодишен кумановец бил приведен под сомнение дека се заканувал на сопственик на деловен објект и го оштетил истиот.

Loading...

– На 03.10.2024 во 10.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Н.(53) од Куманово затоа што во деловен објект на улица „Димитрие Туцовиќ“ со огнено оружје се заканувал на сопственикот Д.А. и му го оштетил објектот, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, при преглед кај него биле пронајдени и одземени пиштол и куршуми.

– Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Уште една кумановка наседна на биткоин измама: Останала без 88.000 денари

Никола Ивановски