Кумановец пронашол граната на својот имот

Сподели со своите пријатели

Неексплодирана граната од Втората светска војна пронашол викендов кумановец на својот имот во селото Речица.

Loading...

– На 02.04.2023 во 08.27 часот во СВР Куманово, Б.С. пријавил дека на неговиот имот во село Речица, кумановско, пронашол неексплодирана граната од Втората светска војна со калибар 75мм, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Екипа од СВР Куманово извршила увид, а гранатaтa билa безбедно подигнатa од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување з понатамошна постапка.

Никола Ивановски