Граничната полиција евидентираше нов случај на оштетување на возила на македонски државјани кои летувале во Грција, со што вкупниот број на оштетени возила за оваа година до сега изнесува пет возила, јавува МВР.
Имено, на 25.07. (сабота) на ГП „Богородица“, пријавено е оштетување на ПМВ марка „Опел Астра“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од лицето С.П. од Куманово. Возилото било оштетено така што е изгребано од двете страни со повлекување линија од предно лево крило, предна и задна лева врата и задно лево крило, предно десно крило, предна и задна десна врата и задно десно крило, како и изгребана е ознаката МКД која била залепена на левата задна страна над штопот.
Настанот се случил во местото Калитеа и истиот не е пријавен во грчката полиција.