Кумановец останал без 16.000 денари, го измамиле за огревно дрво

Сподели со своите пријатели

Седумдесет и осумгодишен кумановец е најнова жртва во серијалот измами со наводна продажба на огревни дрва.

Loading...

– На 14.10.2024 во 12.41 часот во СВР Куманово, 78 – годишен маж пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 16.000 денари, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Според пријавеното, лицето му понудило огревни дрва и откако се договориле заедно се упатиле на местото каде наводно биле складирани, но лицето го оставило пријавителот да чека и заминал во неговиот дом, каде што ги побарал парите од неговата сопруга.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Плато за „street workout“ поставено кај Соколана (ФОТО)

Никола Ивановски