Кумановец од кражби се стекнал со 300.000 денари

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против лицето А.З. (39) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба“, „кражба во обид“ и „разбоjничка кражба“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавениот, во периодот од 18 до 21.06.2018 година, преку незаклучени врати влегол во три куќи. Во едната одзел златен накит и пари стекнувајќи се со противправна имотна корист од 300.000 денари.

Во втората бил затекнат од сопственикот додека вршел пребарување, по што побегнал без да одземе ништо.

Во третата куќа, исто така, бил затекнат од сопственичката како држи одземени пари, по што неколку пати ја турнал и успеал да побегне со дел од парите. Од страна на Судија на претходна постапка на А.З. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојчевски: Имаме нефункционални институции и затоа граѓаните решија ова да го сменат

Leave a Reply