Кумановец нападнат во центарот на градот, се здобил со повреди

Сподели со своите пријатели

Дваесет и осумгодишен кумановец виекндов пријавил во полиција дека бил нападнат од непознато лице во центарот на градот.

Loading...

– На 28.09.2024 година во 04.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улицата “Гоце Делчев” во Куманово М.К.(28) бил физички нападнат од непознато лице при што се здобил со повреди, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Девизи, облека и разна стока запленети на Табановце изминатата недела (ФОТО)