Кумановец на BASIC PRO сертификација кај Марино Башиќ во Загреб

Сподели со своите пријатели

Кумановецот Далибор Стаменковски успешно го заврши семинарот BASIC PRO SERTIFIKACIJA, кој се одржа во Загреб, Република Хрватска, кај светски познатиот финтес и кондициски тренер Марино Башиќ.

Loading...

Стаменковски кој активно работи со спортисти од градот, со завршениот семинар и стекнатите знаења, е усовршен за индивидуални, полуиндивидуални и групни фитнес тренинзи.

 

 

Претходно кај истиот тренер се стекна и со знаења и за нутризионизам, спортска дијагностика, weightlifting, bodyweight, ketllebell, fitball, wayflex.

Стаменковски кој е и дипломиран наставник по физичко образование, во моментов работи како кондициски тренер на КК Куманово и држи персонални тренинзи за спортисти и рекреативци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановската полиција викендов казнила над 180 возачи

 

Loading...

 

Истакнатиот спортски работник пет години реди бројни успеси и како пливачки тренер во ПК Делфин.

До неодамна беше дел и од „Денс студио Мак“, каде работеше во кондициска подготовка на дечиња, со кои постигна високи резултати на меѓународно ниво.