Триесет и тригодишен Б.А. жител на Куманово заработи кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.
Имено на осми и деветти мај 2011 година, пријавениот насилно ја отворил влезната врата на магацинската просторија, која била во сопственост на Д.С. од Куманово од каде одзел два компресори и два електромотори во вредност од 240.000 денари.
Секторот за внатрешни работи по скоро цели четири години му поднесе кривична пријава.