Кумановец го нападнал својот син, полицијата го привела

Сподели со своите пријатели

Четириест и седумгодишен кумановец бил приведен откако вчера го нападнал својот син на улицата „Никола Тесла“.

Loading...

– На 28.03.2024 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го привеле П.С.(47) од кумановско село затоа што на ул.„Никола Тесла“ во Куманово физички го нападнал неговиот син, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Данило Драшковиќ од Куманово прогласен за најмлад и најдобар пливач