Македонија од 11-29 јануари учествува на Светското првенство во ракомет. Тука во Франција македонските репрезентативци, ги придружува верната македонската фаланга, а свои луѓе имаме и меѓу службените лица на ИХФ. Но нè има и меѓу волонтери и луѓе од локалната организација на овој светски мундијал.
Човекот без кој македонската репрезентација ќе беше „изгубена“ е момче од Куманово кое по игра на случајноста животната судбина го носи во Нанси, град одалечен 60 километри од Мец. Пасијата за ракометот го одвела во Франција каде тренира и работи во локалниот ракометен клуб Нанси Слук. На ова Светско првенство организаторот му ја доверил улогата на тимски водич на македонскиот национален тим.