Кумановец два пати ја мажел малолетната ќерка за пари, трет пат избегала

Сподели со своите пријатели

Малолетничка од Куманово го пријавила својот татко дека по трет пат се обидел да ја омажи за пари, при што избегала од дома.

Loading...

– На 14.07.2024 во 22.00 часот во СВР Куманово, малолетничка од Куманово пријавила дека нејзиниот татко Џ.С. од Куманово два пати ја мажел за одреден паричен надомест и кога дознала дека планира и трет пат да ја мажи побегнала од живеалиштето и го пријавила настанот во полициска станица, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски