На социјалните мрежи веќе се организираат граѓаните на Куманово вечерва повторно да излезат на протест пред Основниот суд во Куманово, откако вчера стотици граѓани на првиот ден од протестот го кренаа гласот против аболицијата на политичкиот криминал.
Вчерашните протести беа пример на демократско и граѓанско однесување, почитување на јавниот ред и мир, а коректен беше односот кон полициските службеници кои во минимален број го обезбедуваат кумановскиот суд.
И вечерва почетокот на протестот е закажан за 19 часот.