Годинава денот на Единицата за брзо распоредување 23 август ќе го одбележиме на две локации, во Куманово и Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Утрешните целодневни активности ќе започнат во 9.30 часот во кругот на СВР Куманово со откривање на спомен обележје на полициските службеници кои го положија својот живот за почитување на Уставот, законот, мирот и безбедноста на државата.
Во 10.30 часот во паркот во Куманово граѓаните ќе имаат можност да се дружат со припадниците на Единицата за брзо распоредување. каде ќе биде поставена и опремата со која располага Единицата, така што граѓаните ќе имаат можност покрај дружбата со полициските службеници и да се фотографираат со опремата, да влезат во полициските возила итн.
– Потоа се упатуваме кон Скопје во базата во Ѓорче Петров каде ќе положиме свежо цвеќе на спомен плочата на загинатите и починати припадници на ЕБР, а граѓаните се разбира ќе можат да останат во паркот во Куманово заедно со припадниците на Единицата за брзо распоредување, стои во соопштението на полицијата.
Централната прослава на свеченоста по повод одбележувањето на 22-годишнината од формирањето на Единицата за брзо распоредување е закажана на паркингот пред базенот во Куманово со почеток од 19.00 часот.
– Ве повикуваме да дојдете заеднички да го прославиме Денот на формирањето на Единицата за брзо распоредување. Ние го продолжуваме веќе поставениот концепт „МВР за граѓаните“. Се гледаме утре, 23 август, стои во поканата на Министерството за внатрешни работи.
Никола Ивановски