Кумановци се жалат на недостиг на лекови

Сподели со своите пријатели

Здружението на матични лекари од Куманово денеска побара Фондот за здравствено осигурување и Министерството за здравство да го сменат режимот на препишување лекови, да се прошири позитивната листа и да се зголеми формата на пакување, односно бројот на таблетките.

Loading...

Пациентите реагираат дека во аптеките недостигаат антибиотици со широк спектар и лекови важни за хронично болните.

– Пациентите велат дека не можат да најдат одредени антиобиотици дури и за деца, некои се жалат дека има недостиг на лекови за зголемување на железото во крвта. Дополнително, оние кои можат да се најдат, имаат краток рок на траење. Имаме пациенти од село, од пооддалечени места кои не можат често да доаѓаат во ординациите. Државата мора да смисли начин и да излезе во пресрет на потребите на популацијата, изјави претседателот на Здружението на матични лекари од Куманово, доктор Фатмир Асани.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец чувал елени во својата штала. Доби кривична пријава

Кумановските пациенти велат дека се принудени да патуваат во други градови или во соседни држави, за да се снабдат со лекови.

МИА