Кумановци брилираа на трката „Трофеј Илинден“

Сподели со своите пријатели

Никола Лефков и Зоран Рисовски од кумановскиот клуб „Вело-М“ брилираа на Меѓународната велосипедска трка „Трофеј Илинден“ која изминатиот викенд се одржа во Скопје, во организација на Велосипедската федерација на Македонија и Општина Илинден.

Loading...

Трката е позната по тоа што се вози во најголемите горештини, односно стартот на трката беше во 16:00 каде што температурата изнесуваше 37 степени целзиусиови. Како најсилен се издвои Никола Лефков кој пристигна соло на целта, а трката во должина од 100 километри ја помина за само 2 часа и 30 минути, вели Марио Петровски од клубот „Вело-М“.

Во мастерс категорија кумановецот Зоран Ристовски од Вело-М Термалифт го освои првото место.

Ристовски минатиот викенд учествуваше на Европско првенство во Планински Велосипедизам во Норвешка, каде што го освои 9то место.

Leave a Reply