Кумановчани и понатаму не знаат каков воздух дишат во ек на загаденост

Сподели со своите пријатели

Дури осум пати поголема загаденост е регистрирана утринава во скопската населба Лисиче, како и 7.7 пати поголема загаденост во Центар согласно параметрите достапни на веб апликацијата Мој воздух.

Колкава е дали има загаденост во Куманово се уште е непознат факт за граѓаните, откако мерната станица со години стои расипана во дворот на градската болница.

Загаденоста и густата магла утринава низ Македонија повторно го отежнува  одвивањето на  сообраќајот на повеќе патишта низ државата.

Намалена видливост од 20 до 30 метри има на патот Велес – Штип, до 50 метри кај Велес – Неготино, Неготино – Демир Капија, Скопје – Велес и Велес – Скопје, до 100 на патните правци Тетово – Скопје и Делчево – Македонска Каменица и од 100 до 200 метри на патот Штип – Св. Николе, информира Авто-мото сојузот на Македонија.

На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје во текот на ноќта и рано изутрина се реализираа предвидените полетувања и слетувања со исклучок на летот од и за Истанбул.

 

Loading...