Навивачката група „Кумани“ вчера беше во посета на малиот Алексеј од Куманово, каде донираа десет илјади денари помош за купување на мануелна количка специјализирана за деца со посебни потреби, од каква малиот кумановец има потреба.
Количката ќе му служи за подобра социјализација, осамостојување, како дома така и надвор во сите сфери на граѓанското општество и околината, а истата е од програмата на „Пантера“, производител од Шведска.
Loading...
Според информациите на Александар Спасовски, родител на малиот Алексеј, тие биле пријатно изненадени кога вчера ги посетиле членови на навивачката група кои самоиницијативно собрале финансиски средства за помош на семејството.
Претходно донација упатиле и членови на бајкер клубот „Мечки“, а по нивниот пример и примерот на „Кумани“ треба да се угледаат и останатите граѓани на Куманово кои исто така можат да донираат средства за помош на Алексеј, со уплата на финансиски средства на банкарска сметка.
Име: Спасовски Алексеј
Банка: НЛБ Тутунска Банка
Број на сметка: 210501700580090