Киев нема „план Б“ во случај на недостиг на воена помош од Западот, изјави украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во интервју за Си-Ен-Ен.
„Немаме план Б. Ние сме уверени во планот А“, рече тој.
Вака Кулеба одговори на прашањето на водителот на ТВ каналот што подготвува Киев во случај да треба да го надомести недостигот од воена помош од САД и Европа.
Западните медиуми во последно време се почесто пишуваат дека Западот почнал да се заморува од украинскиот конфликт, а поддршката за режимот на Володимир Зеленски слабее.
Конкретно, Претставничкиот дом на Конгресот на САД, под контрола на републиканците, го блокираше барањето на Белата куќа за доделување на Киев помош од 60 милијарди долари, пишува РИА Новости.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.